По неуспешниот обид да се сослуша загрозениот сведок

Кацарска ги избрка адвокатите од судница и ги казни со по 1.000 евра, бранителите велат ова е скандал

Сослушувањето на загрозениот сведок „С 1“ за насилството од 27 април никако да започне. По еден неуспешен обид во новата зграда на Основниот суд Скопје 1, судењето беше префрлено во старата зграда. Но, судскиот процес не започна ниту во стариот суд, оти сите адвокати се пожалиле на лошите услови. По ова сите адвокати на обвинетите од 27-ми април се казнети со по илјада евра и избркани од судницата од судијката Добрила Кацарска. 

Сите адвокати на обвинетите од 27-ми април казнети со по илјада евра и избркани од судницата.

Адвокатите велат дека бркањето е скандал бидејќи судот решил да им определи бранители по службена должност на обвинетите.

Адвокатот Еленко Миланов по излегувањето од судот изјави дека бранителите побарале да им се овозможи да ги запишуваат изјавите од загрозениот сведок бидејќи не се слушало добро неговото сведочење. Тоа не им било овозможено, по што адвокатите се побуниле, и поради тоа се казнети и остратнети од судницата. Судијката Кацарска во записникот ставила дека денеска им се одзема правото да бидат бранители во процесот и дека на обвинетите ќе им бидат назначени адвокати по служена должност. 

Медиумите беа надвор од судница оти претходно со одлука на судијката Кацарска денешното рочиште беше затворено за јавност поради сослушување на загрозен сведок. 

На претходните рочишта беа сослушани повеќе сведоци, меѓу кои пратеници, членови на собраниското обезбедување, припадници на МВР и новинари. Во своите искази тие ги објаснија нивните дејствија за време на критичниот 27 април минатата година.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

 

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе