Нов Закон за ЈО

СЈО од денеска и официјално не постои, отсега снимките се само индиции, не и докази

Денеска завршува важноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство. Од утре во сила е новиот Закон за Јавното обвинителство, кој беше донесен во февруари, пред распуштањето на парламентот. Од обвинителството убедуваат дека истрагите за сите предмети на СЈО продолжуваат.

Прислушуваните разговори кои беа основа за работата на СЈО повеќе нема да можат да бидат основа за подигнување нови обвиненија, туку тие само ќе служат како индиции. Сите прислушувани разговори што не се предадени во судот како докази или индиции во истраги, законот предвидува да се уништат.

„Новото законско решение не значи скриена амнестија на определени сторители на кривични дела. Со Законот, за потребите на јавното обвинителство ќе се одвојуваат најмалку 0,4 отсто од буџетот на државата. Со Законот се елиминираат политичките влијанија во изборот на обвинителите, бидејќи за избор во повисоко Јавно обвинителство сега услов е определен период јавниот обвинител да работел во пониското обвинителство. Значи ќе се почитува принципот на кариера“, вели Љубомир Јовески, републичкиот јавен обвинител, за Дојче Веле.

Предметите на СЈО покренати до 30 јуни 2017 година продолжуваат да се извршуваат според старите законски правила, односно за истите аудио-снимките ќе може да послужат како докази.

Со новиот Закон е предвидено јавниот обвинител кој раководи со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да биде избран од јавните обвинители на непосредни избори.

 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе