СЈО ќе остане без струја, „бомбите“ ќе бидат на безбедно, а вработените се без плата

За струјомерите во зградата на поранешното Специјално јавно обвинителство две сметки не се платени, неплатени сметки има и за вода  и за парно, а нема кој да потпише и за платите на одумдесетината вработени во СЈО.

Ако се исклучи струјата, се доведува во прашање и безбедноста на „бомбите“, на прислушуваните материјали, предметите и доказите кои се наоѓаат во зградата на СЈО.

Вработените во СЈО, по приведувањето на шефицата на СЈО Катица Јанева, веќе два месеци се без здравствено осигурување и плати.

Државниот обвинител Љубомир Јовевски, кој ги презема обвинителите во своето обвинителство, за телевизија Телма вели дека нема опасност за предметите, но има за вработените во СЈО.

„Нема да дозволиме безбедноста на материјалите да биде ставена во опасност. Ќе се најде решение за неплатените сметки. Проблем е што на вработените во СЈО нема кој да им потпише плата поради што сега немаат ниту здравствено осигурување“, изјави Јовески.

Всушност, во оваа ситуација сега СЈО како институција нема ниту кој да ја згасне.

Во Министерството за правда велат дека има дополна на законот за јавнообвинителски службеници со која надлежностите врз јавнообвнителската служба во случај кога нема Специјален јавен овинител би ги презел државниот обвинител Јовевски. Уште пред повеќе од еден месец измените се дадени кај пратениците, но не се знае која пратеничка група ги блокира.

Неофицијално, ДУИ бара овие измени да одат во пакет со законот за јавно обвинителство, за што сѐ уште нема договор меѓу партиите од владината коалиција и опозицијата.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе