Завршни зборови во случајот „Тревник“

СЈО бара осудителна пресуда за Латас и браќата и одземање на викендичките

Со завршни зборови на Специјалното јавно обвинителство продолжи судењето за случајот „Травник“ кој се однесува на викендиците на новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите браќа во Зелениково. Според СЈО, обвинетите Драган, Срѓан и Звездан Павловиќ ги извршиле кривичните дела за кои се обвинуваат со умисла, бидејќи биле свесни дека ги градат куќите во Зелениково без одобренија за градење, биле свесни за забранетоста на таквите дејствија и дури биле свесни дека куќите можат да им бидат срушени затоа што ги граделе бесправно, но сепак продолжиле со градење. 

Во завршните зборови се споменуваат и „бомбите", исказите на сведоците, материјалните докази, како и останатите аргументи кои СЈО ги има во овој предмет. 

„Прашањето за кое расправаме во овој предмет е кога обвинетите започнале со реализација на нивната желба за изградба на куќите во Зелениково. Од доказите на обвинението произлегува дека тоа се случило пред да бидат обезбедени законските претпоставки за почеток со градба, односно далеку пред да имаат добиено одобренија за градење на објектите", наведоа од СЈО.

Постојат голем број бесправно изградени објекти во нашата држава, во врска со кои не се поведени кривични постапки, во никој случај не може да биде основ за неказнување на тука обвинетите, ниту пак за оправдување на нивното постапување, се вели во завршниот збор на СЈО. 

Од СЈО велат дека, со доказите изведени во текот на главната расправа, се докажало дека надвор од секакво разумно сомневање дека обвинетите Драган, Срѓан и Звездан Павловиќ сториле по едно кривично дело Бесправно градење од чл.244-а ст.1 од КЗ и побараа од Основниот суд Скопје 1 да донесе пресуда со која ќе ги огласат обвинетите за виновни и ќе ги осудат на казни согласно законот, а при тоа да ги имаат предвид сите околности кои влијаат врз висината на казната.

СЈО, освен осудителна пресуда побара и одземање на бесправно изградените недвижности.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе