Обвинителката не стравува за инволвираност во „Рекет“

Сите одлуки за пуштање од притвор и враќање на пасошите ги потпиша Јанева, тврди Стефанова

Обвинителката на СЈО, Лиле Стефанова во изјава за медиумите рече дека нема потпишано ниту една одлука за пуштање од притвор за осомничено лице, ниту пак за враќање на патните исправи.

„Сите одлуки секој спис кој ќе излезе единствено го потпишува Јанева и кога е отсутна овластува некој од обвинителите. Јас немам потпишано ниту една одлука ни за пуштање во куќен притвор, ни за давање на патните исправи на Панделевски. Стојам на располагање, отворена сум за се и се јавувам и одговарам на сите прашања. Не стравувам и нема зошто да бидам инволвирана во овој предмет кој вчера го отвори Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција", рече Стефанова.

За тоа дали Јанева стравува за отворената истрага „Рекет“ од вчера, Стеванова ги упати медиумите да ја прашаат обвинителката дали таа стравува за таа истрага.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе