За „27 април“

„Сите да бидат на готовс, Заев ќе имал прес“, добивал пораки вработен во Собрание на денот на насилството

Нови пораки кои се дел од доказите на судењето за 27 април отвори денес Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. На рочиштето беа презентирани пораки кои му биле испраќани на Сашко Коцевски, вработен во Собранието, задолжен за електронскиот систем за гласање, за вклучување и исклучување на микрофоните во собраниската сала, а кој беше сведок во овој предмет пред два месеци.

Обвинителката Ивана Трајчева на рочиштето презентираше пораки што му биле испраќани на собранискиот службеник на 27 април, како и повеќе од еден месец пред случувањата во Собранието.

„Сите да бидат на готовс, Заев ќе имал прес“, како и „Ве молам лица за интервентни ситуации и сите други да бидат на готовс, во секој момент може да дадеме насоки“, му пишала на 27 април, 2017 година СМС порака Весна Герговска на Сашко Коцевски. Повеќе од еден месец пред настаните Герговска му испраќала речиси идентични пораки на Коцевски за организирање на протестите во која содржината се однесува на тоа во 16:40 да се соберат пред Музејот на ВМРО, да се соберат помасовно оти се работело за Македонија.

„За утре остануваат истите насоки. Ќе ве замолам за што поголем број. Кандидатите и советниците да донесат по 10 луѓе. За МАКЕДОНИЈА се работи“, му пишала Герговска на Коцевски на 20 април.

Коцевски кога се појави како сведок на 27 април, пред судот тврдеше дека работеле како војска и добивале насоки да одат на протести.

К.Д.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе