Утре во 14 часот од Скендербег кон судот

Синот на Алими повика на протестен марш поради затворската казна за 27 април

Бурим Алими, синот на Абдуљфета Алими кој беше осуден во случајот за 27 април за терористичко загрозување на уставниот поред на затворска казна од 7 години, за утре најави протестен марш. Тој денес порача дека во име на Иницијативниот одбор утре во 14 часот ќе се маршира од плоштадот Скендербег и ќе се маршира до судската палата.

„Ние како семејство, како и пријателите на татко ми заедно ја презедовме оваа иницијатива и сакаме да докажеме дека татко ми е жртва на политички монтиран процес бидејќи тој на 27 април беше на задача и ги штитеше пратениците во Собранието. Во име на Иницијативниот одбор ги повикувам сите граѓани да ни се придружат на овој протестен марш, бидејќи не е само татко ми жртва на политички монтиран процес, туку има и многу други. Денес ми се случило на мене, утре на некој друг и затоа ве повикувам сите заедно утре да го кренеме гласот на разумот и да им кажеме стоп на сите политички монтирани процеси. Ние нема да застанеме и правдата, ако има потреба ќе ја бараме и во Стразбур“, вели Бурим Алими, синот на неправосилно осудениот Абдуљфета. 

Членот на собраниското обезбедување, Абдуљфета Алими доби казна речиси за половина пониска од останатите обвинети за истото кривично дело, а образложението на судијката Добрила Кацарска беше дека тој го спасувал пратеникот Зијади Села, но сепак пред ова, презел дејствија со кои, според судот, го сторил кривичното дело. 

 

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе

Рециклирањето можеби ни се чини како спас за природата, но најчесто е спасение само за нашата (валкана) совест.

повеќе