Случај „Монструм“

Синиша Алексовски: Од Заев побарав да не го злоупотребува моето име

Не познавам никого од обвинетите. Со поранешната министерка Гордана Јанкулоска и со поранешните директори на УБК и БЈБ Сашо Мијалков и Љупчо Тодоровски за „Монструм“  комуницирав само службено. Но, пред да се случи настанот во писмена форма добив податок дека на критичниот ден нешто ќе се случи. Не изгубив телефон кај Смилковско Езеро, рече денеска во судницата на судењето за „Монструм“, Синиша Алексовски, тогаш советник за безбедност во кабинетот на претседателот, а денеска вработен во Агенцијата за разузнавање.

Синиша Алексовски вели дека за овој случај со поранешниот премиер Зоран Заев се сретнал два пати, а од тоа има и снимки. На средбите Алексовски побарал од Заев да не го злоупотребува неговото име и да не го поврзува со овој случај.

Според Алексовски, Заев на средбите со семејствата на жртвите тврдел дека телефон на Алексовски бил најден кај езерото и дека автомобилот „опел омега” кој бил користен за убиството бил користен од единицата Алфи, чиј командант до 2009 беше Алексовски.

„Последната моја средба со Заев беше во кабинетот на Иванов, а претходната во премиерскиот кабинет. Првата средба беше на мое барање, втората на негово барање. Заев негираше дека мене лично ме спомнал, рече дека до него доаѓале многу информации. Побарав од него да прекине да го злоупотебува моето име и тој одговори потврдно“, рече Алексовски и додаде дека за дел од обвинетите имал полициски информации уште кога бил командант, за Фејзи Азири, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

„Секогаш пред верски празник, се следат стандардните оперативни процедури. Се собираат податоци за намери за терористички упади од екстремисти кои можат да извршат напади на верски објекти, каде има голема фреквенцина на луѓе. Во тие планови се опфаќа и движењето на претседателот. Стигаа известувања од полициски службеници, воени лица, овластени лица во УБК. Во еден од тие имав полициска дојава на податок, односно интерпретација на податок од страна на полицискиот службеник Зоран Трајковски, кој кажал дека има група која се движела по планините и може да изврши напад на полициска станица. Јас се видов со него и го прашав ‘дали е изворен податок или интерпретација на податок’, како и ‘дали напишал оперативна информација’. Ме извести дека со податокот ги известил припадниците на воената служба и припадниците на регионалното одделение на УБК во Куманово. Неговото барање беше доколку јас имам податоци, да ги споделиме и размениме, а јас му напомнав дека секоја година има дојава на полуинформации”, рече Алексовски.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе