Според обвинет во случајот „27 април”

Синиша Алексовски од кабинетот на Иванов алармирал дека претседателот ќе прогласи воена состојба

Случувањата од 27 април беа претходно смислено сценарио и ако сите овде во судницава би ја кажале вистината и она што го знаат, би се откриле и нарачателите и главните виновници за тоа што се случи во Собранието. Ова денес во својот исказ пред судот го нагласи обвинетиот Михаил Младеновски, брат на обвинетиот Стефан, кој претходно даваше одбрана пред судот.

Обвинетиот Младеновски пред судот ги раскажа речиси истите работи за кои претходно раскажа неговиот брат, односно дека сите насоки и инструкции што ги добивале за влезот во Собранието доаѓале од Александар Василевски-Нинџа. 

Обвинителството за овој обвинет има снимки од безбедносните камери на кои се гледа како Младеновски во неколку наврати ја вади фантомката што ја носи. За ова тој образложи дека го правел махинално бидејќи не можел да дише во Собранието, а им било кажано дека камерите ниту кај ГТЦ, ниту кај Дион не снимаат. 

Упадот во Собранието овој обвинет го нарече свесно направена манипулација. И тој, како и неговиот брат, во својата одбрана го спомена Синиша Алексовски, вработен кај претседателот Ѓорге Иванов. 

„Ми кажаа дека Синиша Алексовски, вработен во кабинетот на претседателот, кажал дека претседателот треба да се обрати во 22 часот и дека ќе прогласи воена состојба. Ова го чув откако излеговме од Собрание и отидовме во паркот Жена-борец”, раскажа обвинетиот Младеновски. 

Според Младеновски, Синиша Алексовски уште кажал дека воена полиција чека на готовс да го апси раководството на СДСМ.

Во врска со тоа дали тој и групата што била раководена од Нинџа носеле оружје во Собранието, овој обвинет рече дека лично тој немал оружје со себе, но познато му било дека Нинџа имал дадено оружје. А за него кажал дека му било од директорот на УБК. Овој обвинет од шефот на личното обезбедување на Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски-Леви, доби прашање дали директорот на УБК имал комуникација со луѓе кои слободно преземале активности на своја рака, ако тоа било потребно и дали е точно дека припадници на УБК немале ниту добро мислење ниту комуникација со Чавков. Ваквото прашање на обвинетиот Леви го натера Чавков да го смени изразот на лицето и неговиот лик од сериозен стана намуртен. На ова обвинетиот Младеновски појасни дека не се работело за директорот на УБК кога кажал дека разговарал со лице како да се влезе во Собранието, туку дека тоа бил бегалецот Никола Бошкоски. 

Обвинетиот дополни дека бегалецот Бошкоски, кој се наоѓа во Грција, сега е „патриот во Грција“, а тие, зборувајќи за себе и за обвинетите, „предавници во судница“. 

Обвинетиот одговараше и на неколку прашања на судијката Добрила Кацарска, која се интересираше дали сите од групата заминале во правец на прес-салата откако влегле во Собрание и дали сите врати биле ширум отворени. Обвинетиот Младеновски одговори дека сите се движеле во различни правци и дека отворени биле вратите до прес-центарот до каде што се стасувало непречено, а внатре некои од вратите биле затворени. 

К.Д.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе