По приведувањето на специјалната обвинителка

Штериев бара повеќе детали за приведувањето на Јанева, Јовески бара в.д. шеф на СЈО

Од понеделник, откако ќе се достават дополнителни списи кои недостасуваат, Советот на јавни обвинители ќе решава по извештајот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за сите досега преземени активности во предистрагата и истрагата за „Рекет".

Коле Штериев

Претседателот на Советот Коле Штериев, вчера за МИА информираше дека до нив е доставен извештајот, но оти не се комплетирани списите за активностите што се преземени во предистрагата и истрагата за случајот во кој е осомничена и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Вилма Русковска

Извештајот, подготвен од Обвинителството, кое го предводи Вилма Русковска содржи преглед на настаните и преземените дејства во врска со досегашните мерки за „Рекет“, за кој осомничени се и Бојан Јовановски и Зоран Милески.

Според републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Советот на јавни обвинители треба да решава и за местото прв човек на СЈО. Тој се повикува на Законот за јавното обвинителство каде во ваков случај треба да реагира Советот и да назначи вршител на должноста. Тоа, според него, би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Љубомир Јовески

Од друга страна, претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штериев смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.

Лиле Стефанова

Обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“,прашана дали е можно назначување на в.д. шеф на СЈО, вчера рече дека има решение за поставување на вршители на должност, решение за поставување на обвинител кој го заменува отсутниот или спречениот јавен обвинител но, како што нагласи, тоа се ингеренции на Советот на јавни обвинител. Според неа, СЈО во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање. Таа упати апел до политичарите и сите чинители во државата да седнат и да го донесат законот за Јавно обвинителство за да немаме прекини на постапките. 

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Ако сте скијач или бордер, зима, планина, снег, сонце и чист воздух веднаш ве асоцираат на авантура и хедонизам. Физичка активност, радост и умствено опуштање.

повеќе