По одлуката на судијката Кацарска

Семејствата на осудените за 27 април на кои им беше определен притвор најавија претставки до омбудсманот

Семејствата на првостепено осудените и притворени со гаранција ќе поднесат претставка до Народниот бранител бидејќи при активна гаранција им бил определен притвор, а биле 4 часа заклучени во судот пред да бидат донесени решенијата за притвор, потврдуваат за МКД.мк роднини.

Пред два дена адвокатите на обвинетите за насилниот упад во Собранието реагираа на определувањето притвор за нивните клиенти.

„За овие обвинети за кои беше определена гаранција судијката Кацарска при донесување на решенијата за определување мерка притвор намерно или случајно ја заборави изречената гаранција. Така во донесените решенија за притвор таа вопшто не беше спомената па така сега имаме ситуација во притвор да се наоѓаат обвинети на кои истовремено од Апелациоски суд им уважи висока гаранција (на некои дури и до 800.000 евра) за да се бранат од слобода, која сè уште е во правна сила", појаснија адвокатите.

Определувањето притвор го оценија како преседан во македонскиот правен систем. 

Судот ги осуди на вкупна затворска казна од 211 година 16 обвинети во предметот за 27 април.

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе

Охрид, најголемиот и најпосетен туристички центар во Македонија, балканскиот Ерусалим и европскиот бисер, се менува со брзина на светлината.

повеќе