Адвокатот Жарко Стеваноски се повлече од предметот

Има индиции дека тренерот по џудо не ја зборува вистината кога негираше дека сексуално вознемирувал малолетнички

Случајот со четириесет и шестгодишниот Р.П. од Прилеп, инаку тренер по џудо, кој што е осомничен за продолжено кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, се наоѓа во фаза на истрага. Пред адвокатот Жарко Стеваноски тој тврдеше дека не е виновен и дека сексуално не вознемирувал, ниту пак извршил обљуба на девојчињата што му биле доверени да ги тренира. Но, доказите го покажале спротивното, односно дека тој не ја зборува вистината. Адвокатот Стеваноски во телефонски разговор за МКД.мк вели дека тој повеќе не го застапува осомничениот тренер по џудо бидејќи, како што вели, се појавиле индиции дека неговото тврдење дека не е сторител на кривичното дело не е точно.

„Јас повеќе не сум бранител на овој осомничен. Уште во почетокот на истрагата кажав дека ако по увидот во предметот се појават какви било докази дека осомничениот не ја зборува вистината, тогаш ќе се повлечам од етички причини. Ако мојот клиент ми кажува дека нема допирна точка со обвинението, тогаш тоа треба да е така. Но во овој случај се појавија индиции што укажуваат на спротивното и поради тие причини се повлеков од предметот и нема да го застапувам", вели адвокатот Стеваноски за МКД.мк.

Тој дополнува и дека не знае дали осомничениот има ангажирано нов бранител што би го застапувал, но доколку нема, тогаш би добил адвокат назначен по службена должност.

Тренерот по џудо е во притвор во затворот во Битола, каде што го чека завршувањето на истрагата. Тој пред својот адвокат тврдеше дека не е виновен и бараше полиграфско тестирање. Во текот на истрагата нема да седне на полиграфското столче бидејќи Обвинителството го одби ваквото барање. Од него се одземени мобилниот телефон и компјутерот, кои според официјални информации од Обвинителството сѐ уште се вештачат.

Кога против него се појавија обвинувањата, во постапката имаше три оштетени малолетнички, но подоцна уште едно девојче што било сексуално вознемирувано како малолетничка, го пријави, но сега е веќе полнолетна.
Колку време молчела последната девојка што решила да поднесе кривична пријава против својот тренер во интерес на истрагата не се открива, бидејќи по последната пријава се постапува.

Во Обвинителството се сослушани и трите малолетнички што се водат како жртви во оваа постапка, како и сведоци што може да помогнат во решавањето на овој случај.

Докази за тоа дали пријавите се издржани Обвинителството собира и од мобилниот телефон и од компјутерот на пријавениот тренер. Овие уреди за комуникација се предадени на вештачење што треба да открие што се случувало и што сѐ има во мобилниот телефон и лаптопот на тренерот поврзано со кривичните пријави.

Според обвинувањата, тренерот од април до ноември лани, во Прилеп, но и на други места, заради задоволување полови страсти извршил полови дејствија врз деца што наполниле 14 години, ученички што му биле доверени за тренирање и воспитување.

К.Д.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе