Нема разврска на старите случаи, а се појавуваат нови злоупотреби

Се појави нова група „Јавна соба“, од претходните кои беа пријавени од 12.100 члена никој не е откриен

На социјалната мрежа Телеграм отворена е нова група „Јавна соба“ во која се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија. Одговор за оваа четврта по ред ваква група побаравме од Обвинителството, но од таму велат дека до сега ниту добиле пријава од оштетена во ваква група, ниту пак МВР им испратило известување за можна пријава за злоупотребени лични податоци на девојки и жени во нова група. Прво беше откриена групата „Јавна соба 1“, па „Јавна соба 2“, па потоа голи фотографии и видеа од девојки Ромки се споделуваа деновиве преку социјалните мрежи. Па сега, оваа е практично четврта ваква група. Од претходните постапки, за сега постапка има само за двајца. 

„За сега до Обвинителството нема никаква пријава за ваков случај. Немаме добиено пријава ниту од оштетено лице, ниту пак имаме добиено некакво известување од МВР дека некој кај нив пријавил ваква група. Во тој случај обвинителот не може да постапува. Доколку има пријава, тогаш веднаш ќе постапиме“, велат од Обвинителството за МКД.мк. 

Во октомври годинава, голи фотографии и видеа од девојки Ромки се споделуваа преку социјалните мрежи. Страницата за која предупредија Иницијативата на жени во Шуто Оризари и Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, е пријавена кај надлежните институции и за сега е недостапна.

Ова беше нов случај на „Јавна соба" и во групата која е направена беа споделувани експлицитни приватни фотографии и видеа на жени и девојки Ромки.

Од Националната мрежа апелираат дека овој нов случај е уште една потврда дека итно е потребна измена на Кривичниот законик и дека треба да се воведе ново кривично дело „Сексуално вознемирување преку интернет".

Од околу 12.100 члена на групите „Јавна соба 1" и „Јавна соба 2", само двајца беа откриени и за нив беше отворена судска постапка. Овие две лица се гонат за производство и дистрибуција на детска порнографија, кривично дело што се однесува само за малолетници.

Оваа постапка, според официјални информации од Судот, сѐ уште е во тек и трае. За другите што учествуваа во групите во кои се споделуваа голи фотографии од жени и девојки, се крадеа и се злоупотребуваа лични податоци, беше пишувано дека нуделе сексуални услуги... ниту еден не е откриен, ниту пак гонет за кривичните дела што им ги сториле на полнолетни девојки и жени.

Откако на мрежата „Телеграм" беа отворени овие две групи, голем број девојки чии фотографии беа украдени од социјалните мрежи, а под нив беше пишувано дека нудат сексуални услуги, беа вознемирувани, им беа упатувани погрдни зборови, имаа проблеми, осуда од општеството... За жртвите се ангажираа и психолози од целата држава, кои им понудија бесплатна помош и поддршка, но сѐ почна и заврши тука. Две години институциите што треба да им дадат сигурност и безбедност на жените и девојките дека сторителите ќе се казнат, тоа не се случи.

Случаите Јавна соба 1 и Јавна соба 2 единствено придонесоа да се направат измени во Кривичниот законик, каде беше вметнато кривичното дело демнење.

Но за сега промените се само на хартија во Собранието каде чекаат да бидат усвоени, бидејќи во пракса нема ниту идентитет, ниту сторители, ниту казни...

За овие случаи од Обвинителството денес ни беше одговорено дека постапка стои во место бидејќи од социјалната мрежа „Телеграм" не е добиен одговор за податоците на членовите на групата. 

К.Д.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе