До 1 септември 2020 година

Се одлага извршувањето на казната затвор на лица осудени до три години

Владата ја донесе Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување на санкциите за време на вонредна состојба, согласно која се одлага извршувањето на упатните акти за извршување на казната затвор на лица осудени на казна затвор до три години и тоа до 1 септември 2020 година, освен за предметите каде постои опасност за застарување на казната.

Исто така, до 1 септември 2020 година се одлага извршувањето на упатните акти кои се веќе доставени до казнено-поправните установи, освен за упатните акти за кои се веќе издадени меѓународни потерници.

Додека, лицата кои се наоѓаат на издржување на мерка притвор по правосилноста на пресудата веднаш се упатуваат на издржување на казната затвор.

Предлог Уредбата се донесува заради заштита од ширењето на болеста ковид-19  во казнено-поправните установи.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе