Апелациските судии се вратија на работа

Се комплетираше судската петорка која треба да одлучи по жалбите на првостепената пресуда за „27 април“

Се комплетира судиската петорка од Апелацискиот суд во Скопје која треба да донесе одлука по жалбите на првостепената пресуда за случајот „27 април". Од Апелацискиот суд во Скопје официјално за МКД.мк велат дека од пред неколку на работа се вратил и последниот судија од советот во второстепениот суд и сега петорката за носење на одлуки по жалбите е комплетна.

Јавните седници за овој предмет беа одржани кон крајот на мај годинава. Тогаш неправосилно осудените побараа од второстепените судии да ја укинат пресудата која ја донесе судијата Добрила Кацарска од Основниот кривичен суд во Скопје и предметот да биде вратен на повторно одлучување.

По одржаните јавни седници второстепениот суд требаше во најкус можен рок да донесе одлука по овој предмет, но поради состојбата со ковид-19 овој рок беше пролонгиран.

Апелацискиот суд Скопје во јуни поради заболен со ковид-19 во судот ги одложи сите јавни седници и ги испрати вработените во изолација. По ова дел од судиите од Кривичниот оддел беа на боледување. Овие случувања во судот ги одложија и одлуките на поднесените жалби на пресудите за „27 април", но и на другите предмети.

Од Апелацискиот суд во Скопје појаснуваат дека сега кога сите се вратени на работа во најкус можен рок ќе следи и одлука жалбите за „27 април", кој како што потенцираат од второстепениот суд е доста обемен предмет.

На 15 март минатата година судијката Добрила Кацарска ја донесе следнава пресуда: Митко Чавков доби 18 години затвор, Душко Лазаров 15 години затвор, Горан Ѓошевски-Леви 15 години, Митко Пешов 15 години затвор, Оливер Поповски 13 години, Мунир Пепиќ 15 години, Абдуљфета Алими 7 години, Оливер Радулов 10 години, Јане Ченто 15 години, Игор Југ 12 години, Александар Василевски-Нинџа 8 години, Никола Митревски-Кољо 15 години, Младен Додевски 12 години, Горанче Ангеловски 12 години, Влатко Трајковски 15 години и Вилијам Михајловски 14 години.

Казните беа изречени за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста".

За овој предмет се расправаше и во Уставниот суд по иницијатива поднесена од неправосилно осудениот Митко Чавков.

Иницијатива беше уставните судии беше да поведат постапка за за оценка на уставноста на член 1 и член 2 од Законот за амнестија. Судскиот процес за настаните во собранието од 27 април 2017 година почна во август 2018 и е еден од најголемите процеси во македонското судство.

Во почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа учесници во упадот во парламентот, а некои и во нападите врз пратениците на актуелната власт.
Но по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица, а за еден обвинет постапката е одвоена.

Судбината на оние кои останаа во предметот и за кои беше изречена првостепена одлука сега е во рацете на второстепениот суд, чија пресуда откако ќе се донесе станува правосилна.

Во врска со пресудата за овој предмет јавно зборуваше и ќерката на осудениот Душко Лазаров која на крајот на јуни годинава за МКД.мк посочи дека тие како семејство на обвинетиот Лазаров имале морална обврска да поднесат жалба на првостепената пресуда бидејќи нивниот татко и сопруг е осуден без да има никаква вина и без никакви докази.

Им порача на второстепените судии дека имаат можност да ја исправат грешката односно да ослободат невин човек од затвор.

К.Д.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе