Се бараат сторителите на убиството во Чаир, обвинител изврши увид

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Чаир, каде во пукање со огнено оружје едно лице беше убиено, а двајца беа повредени, информираат од Јавното обвинителство.

„Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти. Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe“, се наведува во соопштението од Обвинителството. 

Како што претходно објавивме, во престрелка што вчера се случи во чајџилница на улицата „Браќа Реџепагиќ" во скопската населба Чаир, убиен е Јонуз Идризи, а двајца се ранети. 

Во пукањето, кое се случило во близина на училиштето „Имри Елези", повредени биле тројца, а еден од ранетите починал. Според првичните неофицијални информации братот на убиениот бил убиен за Рамазан минатата година. Станува збор за Камбер Идризи.

 Вооружениот судир се случи лани на 12 мај во Бутел, каде на лице место беше убиен 43-годишниот Камбер Идризи, додека неговиот внук Ергин Исени, беше тешко повреден и почина во болница.

Повеќе од 80 куршуми беа испукани кон возилото во кое биле Идризи и Исени, а Камбер Идризи почина пред да стигне во болница.

И Семејството на Ергин Исени го загуби својот втор син. Пред неколку години и другиот брат загинал во битките на далечната Сирија.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе