Реакција

СДСМ: Мицкоски молчеше кога ВМРО-ДПМНЕ го уништуваше здравството

Целосно заглавен во деструктивноста, не можејќи да се помири со успехот на Македонија, антинародниот Христијан Мицкоски паѓа се пониско. Мицкоски злоупотребува дури и човечки трагедии и тоа го смета за сопствена промоција, реагира СДСМ на денешното видео обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните, скандалите со паралелниот увоз на лекови, придонесе да опадне  опфатот со вакцинација во 2014 година, а со тоа и да се намали колективниот имунитет. Мицкоски молчеше. Мицкоски со години беше дел од криминална власт која го уништуваше здравството, ги потценуваше лекарите и ги погазуваше правата на пациентите. Мицкоски не кажа ниту збор, беше посветен единствено на бизнисот со хидроцентралите.

Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ со години лажеше за Клинички центар, а потпишало договор за изградба на Клинички центар што немал одобрение за градба од страна на Министерство за транспорт и врски. Мицкоски молчеше, фокусиран да ја поскапи струјата за 100 отсто.

Затоа неговите однапред снимени обраќања се лицемерни, нерелани и полни со лажна загриженост. Борбата на институциите со епидемијата на морбили продолжува, се преземаат сите неопходни мерки. Граѓаните ги прифаќаат препораките на Министерството за здравство и секојдневно расте бројката на вакцинирани. Досега вакцинирани се над 6.000 лица со МРП вакцината и над 50 отсто од невакцинираните деца“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе