По појавувањето во ОЈО ГОК

Мијалков спроведен во куќен притвор

Со неколку возила со темни стакла на кои им претходеа две полициски возила, со вклучени ротациони светла и сирени, поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков по кого се трагаше два дена, од Обвинителството за организиран криминал и корупција е спроведен во притвор во куќата на Водно. Мијалков претходно самиот се пријави во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. 

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во изолација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.

Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.

Мијалков кажа и дека нема да бега и останува во државата. Обвинителството по ова ја повлече жалбата со која бараше притвор, по што Мијалков оди со решение во куќен притвор. За него во петок треба да биде изречена пресуда за случајот „Тврдина-Таргет“. 

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе