Пресуда за една од најголемите афери, случајот „Тврдина-Таргет“

Мијалков осуден на 12 години затвор

Затворска казна од 12 години за поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Ова е казната што денеска му ја изрече Основниот Кривичниот суд, прогласувајќи го за виновен за незаконското масовно прислушување во УБК. Според пресудата, тој е главниот организатор на прислушувањето. Одлуката во првостепениот суд ја донесе петчлениот судечкиот совет во состав: Џенета Бегтовиќ како прв судија, Владимир Туфегџиќ како втор и тројца поротници.

На 29 март 2016 СЈО отвори истрага „Тврдина" за уништување на системите за следење на комуникациите од УБК, а на 17 ноември истата година и истрагата со кодно име „Таргет". Поради нивната поврзаност, кога поднесе обвинение, СЈО ги спои двата предмета во еден.

На 22 декември 2017 беше закажан и почетокот на судењето. По повеќе од три години судење, процесот влезе во крајот од првостепената постапка.

Во обвинението, СЈО посочи дека директно и индиректно со прислушувањето биле опфатени околу 20.000 граѓани. Незаконски биле следени 4.286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. На други 1.541 број, пак, комуникацијата била следена и пред и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Или, вкупно биле следени 5.827 телефонски броеви.

Обвинението, по згаснувањето на СЈО премина во рацете на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а обвинението го водат истите обвинители, Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов.

Пресудата што првостепениот суд ја донесе не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелацискиот суд во Скопје. 

 

К.Д.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе