Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата

Сашо Мијалков останува во притвор

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Сашо Мијалков во предметот „Таргет – Тврдина" и го потврди решението за притвор како мерка за обезбедување присуство до правосилност на првостепената пресуда со која поранешниот шеф на УБК доби затворска казна од 12 години.  Причина за определената мерка е опасност од бегство. 

„Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името „Таргет – Тврдина" по одржана нејавна седница на ден 12.03.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот С.М. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди“, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

Вака донесената одлука ќе биде јавно објавена во целост на веб страницата на судот.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков на 26 февруари годинава доби затворска казна во траење од вкупно 12 години за случајот „Таргет-Тврдина" за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание.

Судот одлучи да го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска која побара ефективен наместо домашен притвор за Мијалков до правосилноста на пресудата. 

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе