Судење за „Рекет“

Стручна соработничка сведочи дека Јанева телефонски дала насоки да му се одобри времен пасош на Камчев

„Ми кажа да се даде позитивно мислење за патната исправа, а рокот да не утврдува. Ни даде насока да не се ограничува времето на издавање-важење на пасошот, туку тоа да го стори судот ", сведочеше вработената во СЈО на судењето за „Рекет“. 

„Предлогот за укинување на мерката за претпазливост и враќање на патната исправа на Јордан Камчев стигнал околу велигденските празници кога специјалната обвинителка Катица Јанева користела денови од одмор“, сведочеше Сања Димовска, вработена како стручен соработник  на Катица Јанева, на денешното рочиште за случајот “Рекет“ во Кривичниот суд.

Димовска ги појасни своите работни обврски, дека како стручен соработник била задолжена за примање и парафирање на поштата, за состаноци, за останатите вработени...

Рече дека околу велигденските празници кога специјалната обвинителка користела денови од одмор, стигнал предлогот за издавање на времен пасош на обвинетиот во „Империја“  Камчев за што таа телефонски ѝ се јавила на Јанева.

„Ми кажа да се даде позитивно мислење за патната исправа, а рокот да не утврдува. Ни даде насока да не се ограничува времето на издавање-важење на пасошот, туку тоа да го стори судот “, сведочеше вработената во СЈО.

Мерката за враќање на времениот пасош на Камчев ја потпишала заменичката на јавната обвинителка  Елизабета Јосифовска, а Јанева, во телефонски разговор на Димовска, откако била известена дека документацијата не е комплетна, и рекла „нека остане така“.

Димовска на прашањата од обвинителството дали обвинетиот Бојан Јовановски често доаѓал во СЈО, рече дека тоа се случиле два-три пати.

„Бојан еднаш дојде со госпоѓата Гордана Дувњак, можеби за некакво снимање. Потоа дојде уште два до три пати, не можам со сигурност да тврдам“, рече Димовска.

На прашањето од адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска, дали специјалната обвинителка не ѝ дала прецизни напатствија за рокот за издавање на пасошот на Камчев Димовска одговори потврдно.

                                                                                                                        Х.С. 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе