Основен кривичен суд Скопје

Самсоненко сведок во „Плацеви на Водно“, купил плац од Камчев

Рускиот бизнисмен и почесен конзул на Русија во Битола, Сергеј Самсоненко сведочеше на денешното рочиште за случајот „Плацеви на Водно", при што посочи дека неговата сопруга е сопственик на фирмата „Лајв кер центар", која го поседува плацот од 10.000 квадратни метри, купен од Јордан Камчев.

„Камчев ми ги предложи овој плац, се договоривме 2017 или 2018 година. Го платив 110 милиони денари. Уште нема пат, има блокада, ги трпам штетите од блокадата. Не можам да го продадам, ниту да го дадам под закуп“, изјави Самсоненко, кој беше сослушан по предлог на обвинетиот Камчев.

Следното рочиште за овој предмет е предвидено за давање одбрана од страна на обвинетите.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението за случајот „Плацеви на Водно", поранешниот премиер Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот", Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари", а поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело".

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе