Русквоска: По 300 сведоци за секој обвинет предложи нивната одбрана во „27 април“

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на „27 април“, изјави дека одбраната сама признала дека сите докази им се дадени во пишана форма, освен податоците од мобилните оператори за листата на дојдовни и појдовни повици.

„Лично сметам дека ова е само во насока на одложување на постапката“, рече Русковска пред новинарите.

Таа кажа дека одбраната со последните дополнителни поднесоци има побарано да им се прифатат по околу 300 сведоци од обвинет, но додаде дека смета оти Судот не треба да ги прифати, без притоа да се наруши правото на одбрана.

Адвокатот на поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, Јордан Апостолски по завршување на денешното рочиште рече дека бараат да се дознае вистината за неговиот клиент.

„Нема никакви докази дека има каква било вмешаност. Сметаме дека обвинението е на стаклени нозе со цел само да се оцрни клиентот“, изјави Апостолски.

Според него, Обвинителството не направи напори да се дознаат вистинските сторители.

Тој ги негираше тврдењата на Русковска дека бранителите предложиле по околу 300 сведоци од обвинет, посочувајќи дека за неговиот клиент се предложени десетина сведоци. 

 

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе