Со денешното затворено рочиште

Русковска заврши со презентирање докази во „Рекет“

Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Вилам Русковска не сакаше да даде изјава по денешното завршување на затвореното рочиште за случајот „Рекет“. На прашање на новинарските екипи да образложи зошто вчера рече дека јавноста ќе може да ги чуе доказите од УСБ-то кои ѝ ги предал Кичеец, а денес побара судењето да биде затворено, таа беше децидна дека нема што да додаде, дека изјава дала вчера и дека за одлуката зошто рочиштето било затворено одговор треба да се побара од судијката Васка Николовска Масевска.

Со денешното презентирање на доказите кои Кичеец ѝ ги предал на Русковска Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за врши со презентирање на докази во случајот „Рекет“. Сега на ред е одбраната на Бојан Јовановски и Катица Јанева да предложи листа на сведоци.

Бранителите на обвинетите во „Рекет“ во изјава за медиумите појаснија дека веќе предложиле листа на сведоци, но не открија детали кого ќе повикаат. Тие додадоа дека иако побарале денешното рочиште да биде отворено за јавност, судот не дозволи и дополнија дека за детали од снимките не смеат да коментираат и, според нив, само во една од трите снимки би требало да има исклучување на јавноста.

Судењето за случајот „Рекет“ продолжува в четврток.

К.Д.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе