ЈО за гонење на организиран криминал

Русковска веќе 4 часа ја испрашува Јанева за „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева веќе четири часа дава исказ во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, каде таа влезе со адвокатот Стеван Павлески.

„Јас сум сѐ уште специјален јавен обвинител. Моите обвинители работат и се надевам дека оваа есен ќе имаме разрешници на случаи. Што се однесува до мојот денешен исказ се надевам дека со моите аргументи ќе ја забрзам истрагата“, изјави денеска Јанева пред да влезе во Јавното обвинителство.

Гласот на Јанева се слушна во дел од една од снимките кои ги објави онлајн изданието на италијанскиот весник „Ла верита“. Во еден од телефонските разговори помеѓу Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев, кој е осомничен во „Империја“, се слуша како таа му кажува на Камчев да не се секира, зашто сѐ ќе биде ОК.

Засега, во овој случај осомничени се само Бојан Јовановски - Боки 13 и Зоран Милески - Кичеец, кои веќе 35 дена се во притвор.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе