За српската телевизија „Хепи“

Русковска за „Рекет“: За бундите на Боки 13 немавме докази, за парите имавме

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во гостување на српската телевизија „Хепи", одговарајќи на прашања за својата работа, ја споменува спогодбата склучена со бизнисменот Јордан (Орце) Камчев во случајот „Империја“ велејќи дека до тоа дошло со оглед на тоа што тој имал доверба во неа. Таа низ смеа вели: „Човекот си уплати и потпишавме, ама не пред парите да легнат на сметка“. 

„Македонија е мала земја, оние против кого се водат истраги ме познаваат и знаат дека и да ми дадат непристојна понуда, јас нема да ја прифатам. Имаат доверба во мене. Еве, на пример Јордан (Орце) Камчев имаше доверба во мене и се спогодивме. Тој плати 5 милиони евра на име данок и доби 1 година ефективен затвор. До сега во Македонија не се случило да некој каже, да виновен сум, колку треба да платам по вештачењето? Човек уплати и потпишавме, ама не пред да легнат парите", одговори Русковска низ смеа.

За тоа дали Обвинителството апси врз основа на правен систем или тоа Европа го бара од нив, Русковска вели дека апсат само врз основа на докази.

„Не е тоа на барање на Европа. Беа изненадени и Европа и Америка. Се работи за класична злоупотреба на службената положба. Нашата, а и ваша естрадна ѕвезда Боки 13 буквално ги рекетираше луѓето и им земаше големи суми на пари. Таа (Катица Јанева) му кажувала за предметите кој се во истражна и предистражна постапка и против кого се водат", вели Русковска во интервјуто.

На прашањето за тоа дали се праќале бунди, пари... за да се врши тој рекет, Русковска одговори дека за бундите не знае, но за парите имале докази.

„За бундите не знам точно, немавме докази за тоа. Ама за парите да, имавме докази дека таа му праќала пари. Боки 13 не помагал во борба против корупцијата, напротив. Тој отворил телевизија , но на крајот се испостави дека со тоа требало да дојде до што повеќе пари, а не дека тоа било желба за борба против корупција", додаде шефицата на ОЈО ГОК.

За Груевски, обвинителката вели дека прочитала оти тој отворил четири претпријатија таму и дека има профит од 50.000 евра годишно.

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе