Судот го одби барањето за изземање

Русковска останува обвинителка во случајот „Меѓународен сојуз“

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска останува обвинителка во случајот „Меѓународен сојуз". Барањето за нејзино изземање пред стартот на минатото рочиште го поднесе Фросина Ременски, а се приклучи и Бојан Јовановски.

Јовановски во предметот е првообвинет за кривичните дела перење пари и за измама, а Ременски е третообвинета за помагање во делото измама. Заменик-претседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз" – Скопје, Јасна Ерцеговиќ-Мандиќ, и асистентката на Боки, Христина Блажевска, пак, се обвинети за помагање во двете дела.

Неговиот татко, Миле Јовановски, се гони за помагање во перењето пари, како и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола.

Како правно лице обвинета е и невладината организација.

 

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе