По поднесеното барање за изземање

Русковска: Не работам со емоции туку по закон, Јовески ќе одлучи дали треба да го водам „Меѓународен сојуз“

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во изјава за медиумите на почетокот на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз", рече дека денес кога влегла во судница разбрала дека е побарано нејзино изземање од предметот и дека го добила барањето поднесено до државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Русковска нагласи дека секогаш работела согласно законот и никогаш ниту си дозволила, ниту ќе дозволи да работи под емоции, а одлуката за тоа дали таа треба да постапува во предметот или не, рече ќе ја остави на државниот јавен обвинител.

„На кратко го видов барањето за мое изземање и од она што успеав да го прочитам можам да кажам дека апсолутно не држи барањето, но нека одлучи јавниот обвинител на Република Македонија. За цела моја кариера никогаш пристрасно не сум се однесува кон ниту еден предмет, а сум сработила повеќе од 1.000 предмети. Од 90 година како стручен соработник и нема никогаш да си дозволам емоции или било што друго да ме води при постапување на предмет. Единствена работа што ми е важна е само дали е сторено кривични дело и дали има докази. До сега работев така, а така и ќе биде до крајот на мојата кариера.
За случајот „Меѓународен сојуз", Русковска нагласи дека очекува да докаже дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои ги гони.

За тоа дали можеби дел од обвинителите на СЈО ќе бидат во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Русковска рече дека има оглас и секој што ги исполнува условите може да се пријави.

„Има оглас , но за да бидеш обвинител на ОЈО ГОК треба да исполнуваш одредени услови. Секој што ги исполнува условите може да конкурира, но кој ќе биде избран ќе одлучи Советот за јавни обвинители. За случајот „Империја" постапката се интензивира. Обвинителството е орган на прогон, а полицијата е таа што треба да собере докази. Доколку им е потребна било каква наредба стоиме на располагање во секое време", додаде обвинителката Русковска.

За случајот со Ден Дончев, таа појасни дека кога има сомневање дека некое лице сторило кривично дело, проценка на полицијата е дали ќе биде ставено на стоп листата на граници и за тоа не треба барање од јавен обвинител.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе