Во интервју за ТВ Алсат

Русковска најави дека обвинителството ќе ја отфрли пријавата на Милошоски против Заев

Вештачењето на снимките на пратеникот Антонијо Милошоски покажа дека се работи за снимка на разговори на Зоран Заев од повеќе разговори, прекинати и додавани, па затоа неговата пријава за наводната вмешаност на Заев во „Рекет“ ќе биде отфрлена. Ова за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат го изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска.

Анализите од вештачењето на МВР покажале дека станува збор за повеќе парчиња од различни разговори.

„Се беше предадено на вештачење, во едниот случај диктафон, а во вториот случај беше телефон. Тие беа дадени на компјутерска форензика во рамките на Министерството за внатрешни работи и по екстрахирањето на податоците се вршеа анализи на истите. Од тоа што успеав да го прочитам од тие анализи е дека се работи за повеќе разговори, кои се прекинати, па додадени делови од други разговори. Ние сè уште немаме јавно соопштено одлука, но ќе се донесе резолуција за отфрлање на тие пријави“, изјави вчера Русковска за 360 степени.

Милошоски вели дека Заев е миленик на Русковска, па затоа таа ја отфрла секоја сериозна индиција за неговата вмешаност во „Рекет“.

„Не мора повеќе, доволно би било само да го вештачи мобилниот телефон на Заев и неговите контакти со осудените извршители во случајот „Рекет“ и така ќе се стигне и до нарачателите“, изјави Милошоски за Канал 5.

Денеска изјавата на Русковска ја прокоментира и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. „По ова интервју очекував денеска Русковска веднаш да даде оставка и да одговара бидејќи соопштила дека пријавата е отфрлена пред да биде донесена таква одлука. Но, јас колку што се сеќавам такви сечени, лепени материјали беа други исто така материјали, по кои сега се постапува и дел од тие луѓе се осудени и се наоѓаат на отслужување на затворска казна. Така што на вагата имаме две работи кои се немерливи. Едната кога се однесува за Зоран Заев сè што е сечено, лепено, не важи. А, за други случаи каде што имаме исто така докажани сечени, лепени материјали, важи. Е, тоа така не може да биде“, рече Мицкоски.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе