Интервјуто ќе биде емитувано вечерва на Телма во 19:15 во редовниот термин на Топ тема. Русковска појасни дека Камчев поднел барање за спогодба пред 15-тина дена, а пред два дена спогодбата поминала и на суд. Покрај затворската казна, Камчев ќе уплати и 5,1 милиони евра (околу 320 милиони денари) на државниот буџет преку УЈП.
„Предлог спогодбата со Камчев е прифатена во средата. Од фирмата Кара односно Орка Холдинг ќе бидат уплатени 320 милиони денари (околу 5,1 милион евра). Фирмата е на Орце Камчев. Тие средства треба да се уплатат на УЈП. Предлог-спогодбата беше верификувана од судија на претходна постапка. Ова значи дека нема да се води постапка против него, а тој се согласи на казна од една година затвор“, истакна Русковска.
„Пред 15-ина дена беше поднесена иницијативата. Каде што е предвидена казна затвор од 5 години, согласност мора да даде јавниот обвинител. Разговаравме со надлежната обвинителка Лиле Стефанова и доставивме предлог до државниот обвинител Љубомир Јовевски. За 7 дена добивме согласност, а во меѓувреме тој ги уплати средствата на УЈП“, рече Русковска.