Завршни зборови за „Рекет“

Русковска: Јанева беше подигната на пиедестал, но избра да биде на страната на злото

Катица Јанева уште е во филмот на Чарлиевите Ангели, со овие зборови обвинителката Вилма Русковска, ги почна завршните зборови за предметот „Рекет“. Според неа, Јанева со своите Чарлиеви Ангели, била подигната на пиедесталот, но таа на крај избрала да биде на страна на злото.

Русковска потсети на денот кога сведокот Јордан Камчев (осомничен во „Империја“) го пријавил случајот во Обвинителството за борба на против организираниот криминал и корупција и рече од тоа што го слушнала мислела дека е во некој лош сон.

Дел од завршните зборови на обвинителството во предметот „Рекет“, беа и разговорите меѓу сега осудениот Зоран Милевски-Кичеец и обвинетиот Бојан Јовановски-Боки 13, каде овој му вели на Кичеец дека сметките на Камчев нема да бидат замрзнати.

„Нормално, ако му замрзнати сметките од каде ќе се врши исплатата“, искоментира обвинителката Рускоска.

Исказот на сведокот, бизнисменот Томе Главчев, од Гевгелија, исто така беше опфатен во завршните зборови на обвинителството, делот каде што тој изјави пред судот дека бил скаран со обвинетата Катица Јанева. 

На денешното рочиште за првиот предмет во историјата на правосудството каде обвинет е и еден обвинител, обвинителката Русковска, го наведе и исказот на новинарот на 1ТВ, Христијан Баневски, кој пред суд рече дека кога го прашал обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13, дали одреден бизнисмен го рекетира, тој му одговорил дека од нешто може да се живее.

Во дополнение на доказната постапка одбраната на Катица Јанева достави доказ дека поднела приватна кривична тужба против лицето Бојан Јовановски, за неовластено снимање. Русковска, овие снимки ги толкуваше како вистинити и рече дека е вистина дека обвинетата Јанева зела пари од обвинетиот Јовановски.

Таа исто потенцира дека Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, нема намера никого да штити.

„Ако и јас сум направила кривично дело, и јас треба да одговорам. Не е вистина дека сум имала анимозитет кон Катица Јанева. Од почетокот сум ја подржала Катица Јанева и цело СЈО. Но, анимозитетот за Јанева, почна по истражна постапка за овој предмет“, рече Русковска.

И торбата Луј Витон, се спомна во завршните зборови, а според Русковска, таа завршила во домот на родителите на обвинетиот Јовановски.

Следното рочиште е закажано за 1 јуни на кое завршни зборови треба да даде одбраната.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе