Русковска: Истрагата за „Рекет“ продолжува

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска вечерва изјави дека истрагата за аферата „Рекет" е во тек и уште трае. Таа рече дека одлуката за Јанева е донесена откако биле собрани доволно докази за сторено кривично дело.

Русковска рече дека немала никаков политички притисок за случајот.

Во однос на конфликтот на интереси на адвокатот на Јанева, Стеван Павлески, обвинителката изјави дека адвокатот земал обврска да ги откаже полномоштвата од осомничените во случајот на СЈО „Империја“.

Јанева е осомничена за кривично дело злоупотреба на службена положба по член 353 став 3 вв став 1 од КЗ за прибавување „имотна корист во значителен износ“, во случајов од 1,5 милиони евра. За ова дело предвидена е затворска казна од најмалку 3 години.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе