Русковска: Истрага за набавката на модуларните болниците, а не за причините за пожарот во Тетово

Тендерската документација за изградба на модуларните ковид-болници беше побарана од Министерството за труд и социјална политика и од Бирото за јавни набавки и е пристигната во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, информираше денеска шефицата на Обвинителството, Вилма Русковска.

Според Русковска, од утрово е почната првичната истрага, а Обвинителството е надлежно само за делот на јавната набавка и и дали се почитувани процедурите.

„Модуларните болници се направени согласност таа техничка документација на Светска банка“, изјави Русковска.

Порача дека се работи за истрага за начинот на кој се спроведувала набавката, а не за причините за избивањето на пожарот во Тетово во кој загинаа 14 лица.

Во врска со тоа дали имаат информации кој го направил техничкиот прием, Русковска повтори дека немаат информации за тоа, а техничката спецификација, како што информира, ја добиле на англиски јазик и веднаш ја скенирале и по мејл ја испратиле во Обвинителството во Тетово за да можат експертите од Германија да се запознаат со истата.

„Тоа се документи од набавката и колку што имам првични информации од наши експерти ја направиле техничката документација, а од Светска банка направиле одредени корекции на таа техничка документација и им испративме на колегите за да можат експерите да проверат дали модуларните болници се набавени и направени во согласност со таа техничка документација, која е одобрена од страна на Светската банка“, рече Русковска.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе