За излегувањето надвор од дома за време на куќен притвор

Русковска го побарала за вештачење мобилниот со кој е фотографиран Рашковски, но не ѝ бил доставен

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во изјава за медиумите рече дека го контактирала сопственикот на порталот кој што ја објави фотографијата од Драги Рашковски, кој е надвор од неговиот дом, но никој не се појавил за да го донесе телефонот на вештачење.

„Го контактирав сопственикот на порталот каде што беше објавена фотографијата од Драги Рашковски и побарав лицето кое го снимало да дојде во ОЈО, како би се извршило форензичко вештачење на телефонот, изјави Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција. но, никоја ниту се јавил, ниту се појавил. Тоа го направив затоа што Судот нема да ни поверува само на збор и пишување во портал дека Рашковски е забележан после времето, што е одобрено за излез од домашниот притвор,", вели Вилма Русковска.

Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, информираа вчера од МВР. Тој вчера бил фотографиран на улица во скопската населба Аеродром.

За полицијата нема ништо спорно затоа што му било дозволено да оди на лекар со решение од судот.

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе