Кривичен суд

Русковска го одби барањето за изземање на Стефанова во предметот „Плацеви на Водно“

Барањето на одбраната на обвинетиот Јордан Камчев за изземање на јавниот обвинител Лиле Стефанова од случајот „Плацеви на Водно"  како неосновано го одби шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска. Денешно рочиште во Кривичниот суд продолжи со презентација на останатите докази од доказниот материјал на обвинителството.

Според  адвокатот Еленко Миланов, барањето за изземање на Стефанова го поднеле врз основа на поднесена кривична пријава против неа која е застапник на обвинението. Пријавата се однесува на постоење на основано сомнение за кривично дело - несовесно работење во службата како и поднесување лажни докази.

Според обвинението во предметот „Плацеви на Водно“, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот". Неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари", а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело".

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе