Русковска е задоволна од пресудата за Кичеец, тој сега може да се појави и како сведок во „Рекет“

Изречената казна против третообвинетиот во случајот „Рекет“ Зоран Милевски-Кичеец е добра, изјави денеска обвинителката Вилма Русковска и додаде дека одлуката за жалба ќе ја донесе откако ќе ја прими пресудата.

„Искрено, не очекував повисока казна затоа што, сепак, е голем распонот на предвидената казна од една до 10 години. Милевски досега е неосудуван и најмногу затоа што призна вина пред почеток на главната расправа“, рече Русковска пред Кривичниот суд во Скопје по изрекувањето на пресудата.

Таа не ја исклучи можноста за Милески во наредниот период да се појави во улога на сведок во постапката против првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, и второобвинетата, Катица Јанева.

„Милески може да се појави како сведок во случајот. Во таква улога може да биде по предлог на обвинителството или на одбраната во дополнување доказна постапка“, додаде Русковска.

Зоран Милески-Кичеец, третообвинет во случајот „Рекет“, доби три години затвор за примање награда. Тој вчера во судот ја призна вината, а во куќен притвор ќе остане до правосилноста на пресудата.

Првоосомничениот Бојан Јовановски и второосомничената Катица Јанева се изјаснија дека не се виновни. Судското очиште против нив ќе продолжи в петок, на 6 декември.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе