Русковска е убедена дека не ја чека судбината на Јанева која заврши зад решетки

„Апсолутно мојата судбина со решението за суспензија не го споредувам со судбината на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева", изјави денес шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Таа вели дека сѐ што преземала до сега во врска со нејзината работа е согласно законските надлежности.

„Не сум ја злоупотребила својата функција, а поготово не за парични средства како што тоа се докажа дека беше случај со Катица Јанева и не ја споредувам мојата судбина со таа на Јанева. Тврдам дека сѐ што сум направила е во рамките за законот", рече во изјава Русковска како одговор на прашањето дали смета дека ќе заврши како Јанева.

Русковска денес поднесе жалба на решението за суспензија до Советот на јавни обвинители и за прв пат даде детални одговори пред сите медиуми во врска со нејзината суспензија која се однесуваше на претресот во Финансиската полиција. 

 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе