„Рекет“

Русковска до Јанева: Не си згрешила од наивност и осаменост, туку од алчност

Театрално и со доза иронија обвинителката за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска во воведниот говор за „Рекет“ зборуваше за филм, за глумци и за естрадни ѕвезди.

Со овие епитети таа ги нарекуваше обвинетите во случајот „Рекет“.

Русковска почна со насловот на филмот „Чарлиевите ангели“, веројатно инспирирана од маичките со фигурите на трите обвинителки во стилот на хероините од филмот, кои масовно се делеа за време на антивладините протести во 2016, а својата колешка ја нарече „глумицата Катица Јанева“.

Обвинетиот Бојан Јовановски, пак, го нарече „самопрогласена естрадна ѕвезда“.

Русковска беше децидна во ставот дека со дејствата што ги презела, а кои се опишани во обвинението што таа го застапува, Јанева не го предала само СЈО, туку и довербата од целиот народ на оваа држава.

„Имаше еден филм, Чарлиеви ангели, и една глумица Катица Јанева, која влезе во мрежата на самопрогласената естрадна ѕвезда Бојан Јовановски. Можеби ќе си речете дека е од наивност и осаменост, но не е така, од алчност е. Катица Јанева не го предаде само СЈО, туку го предаде целиот народ. Обвинителството ќе презентира несоборливи докази дека Јанева свесно и со умисла изнесувала доверливи детали пред Бојан Јовановски за постапки што се службена тајна. Ова го сторила со цел да може да бара пари и тие да добијат условни казни или да бидат заштитени сведоци“, рече обвинителката Русковска во воведниот говор.

К.Д.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе