Кривичен суд

Русковска денеска ќе го поднесе обвинението за „Рекет“, новоосомничените пред судија на претходна постапка

Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска ќе поднесе обвинение за случајот „Рекет“. Првоосомничен во овој случај е Бојан Јовановски - Боки 13, кој е осомничен за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари и други приходи од казниво дело“.

Второосомничениот Зоран Милески - Кичеец е осомничен за трговија со влијание, а третоосомничената Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Од вчера отворена е нова истрага за овој случај. Јасна Мандиќ Ерцеговиќ, потпретседателката на невладината оорганизација Меѓународен сојуз доби куќен притвор. Кај тројца осомничени во проширената истрага е определен налог за претрес. За овој случај осомничени се и таткото на Боки 13, Миле Јовановски и пратеничката на СДСМ Фросина Ременски

Русковска вчера изјави дека еден од осомночените побарал спогодба за првиот дел од истрагата. За претеничката Ременски определени се мерки на претпазливост, односно одземање на патна исрпава, забрана за напуштање на престојувалиштето и еднаш неделно да се јавува во судот.

Лицата кои се опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост во врска со случајот „Рекет“ денеска се повикани во Основниот кривичен суд Скопје да се произнесат пред судија на претходна постапка.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, пред судија на претходна постапка вчера беше спроведено едно лице со предлог за определување мерка притвор. По ценење на фактите и доказите во предлогот, произнесување на странките како и ценење на личните и семејни услови на осомниченото лице, судија на претходна постапка донесе решение со кое на Ј.М. ѝ определи мерка куќен притвор како и дополнителна превентивна мерка – одземање на патната исправа и забрана за издавање нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница, заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Што се однесува до останатите лица опфатени со предлогот за определување мерки за претпазливост, согласно законските одредби, како што е наведено во соопштението од Судот, во текот на денов се повикани да се произнесат во однос на предлогот пред судија на претходна постапка.

Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција вчера ја информираше јавноста дека истрагата за „Рекет“ е проширена, односно донесена е наредба за спроведување истражна постапка против пет физички лица и едно правно лице, поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил продолжено кривично дело „измама“ и кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе