До Советот на јавни обвинители

Русковска денес на пладне ќе поднесе жалба за суспензијата и ќе даде изјава

Обвинителката Вилма Русковска денеска во 12 часот за суспендирањето од работа ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители, по што ќе даде и изјава за медиумите. Јавниот Обвинител Љубомир Јовески, освен решението за суспензија, против Русковска и обвинителките Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева отвори и дисциплинска постапка за постапувањето во случајот со претресот во Управата за финансиска полиција со која раководеше Арафат Муареми.

Ако дисциплинската комисија изрече каква било парична казна или разрешување, Русковска во рок од седум дена има право на жалба повторно до Советот на јавните обвинители.

Во однос на нејзиниот заменик на местото шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, тоа е обвинителката Лиле Стефанова, која беше порано дел од тимот на Специјалното јавно обвинителство.

Обвинителката Трајчева која била на одмор надвор од Македонија, исто така најави скорешно обраќање до јавноста.

Меѓу експертите целата оваа ситуација со Јовески, Русковска и обвинителките и Муареми се толкува како политичка игра која само го доурива угледот на правосудството во Македонија.

Останува отворено и прашањето со предметите кои ги води Русковска. 

Со измените во законот за обвинителството од пред две години државниот обвинител не може да преземе предмети од негова надлежност без согласност на јавниот обвинител кој раководи со обвинителството за гонење организиран криминал.

На 8 август Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Русковска. Се поставува прашањето дали оваа пријава е основата за суспензијата на Русковска и за дисциплинските постапки против обвинителките.
Јавниот обвинител на Македонија за примена на овие мерки одлучува самостојно. За основата на решението за суспензијата веројатно Русковска денеска подетално ќе образложи.

Во соопштението на Обвинителството пишува дека решението е донесено врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство и дека обвинителот се оддалечува од функцијата „додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител".

Мерката – времено оддалечување од функцијата е предвидена во Законот за јавното обвинителство, каде во членот 81 стои дека „јавниот обвинител може да биде оддалечен од вршењето на јавнообвинителската функција за време додека трае кривична постапка против него или кога е поведена дисциплинска постапка".

Претресот на Управата за финансиска полиција беше извршен на 18 јули.

Дисциплинска одговорност кај обвинител утврдува петчлена комисија која веќе функционира при обвинителството. Можните санкции се намалување на платата во висина од 15 до 30 проценти од месечната плата на јавниот обвинител во траење од еден до шест месеци или разрешување.

 

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе