Русковска појасни дека во овој предмет не станува збор за тоа дали Камчеви се виновни или не, туку дека предметот се занимава со тоа што некој барал пари од нив за да не бидат виновни.
Во оваа постапка Русковска рече дека ќе има сведочења што нема никого да остават рамнодушни и дополни дека можеби Кичеец ќе каже дека она што го направил за Камчев било „бидејќи му бил како брат“, но праша како тој не заборавил да ја земе торбата полна со пари.
„И ако е за брат, многу е“, нагласи Русковска.
Според неа, жртви тука не се оние од кои се барани или од кои се земани пари, туку „жртви на оваа постапка сме сите ние, граѓаните на оваа држава“.
Пред воведниот говор на денешното рочиште за „Рекет“ обвинителката Русковска појасни дека Орце Камчев не може да биде оштетен за оваа постапка, бидејќи за кривичното дело противзаконито постапување нема оштетен, туку има само сведок.
К.Д.