Во воведниот говор за „Рекет“

Русковска: Да не мислите дека Камчеви барале помош, тие преку Кичеец се поврзале со Јовановски

Во воведниот говор пред судот обвинителката Вилма Русковска не изостави да го спомене и брачниот пар Јордан и Ана Камчеви, за кои посочи дека можеби јавноста има впечаток дека тие побарале помош, но тоа не било така бидејќи тие двајца преку обвинетиот Кичеец се поврзале со Јовановски.

Русковска појасни дека во овој предмет не станува збор за тоа дали Камчеви се виновни или не, туку дека предметот се занимава со тоа што некој барал пари од нив за да не бидат виновни.

Во оваа постапка Русковска рече дека ќе има сведочења што нема никого да остават рамнодушни и дополни дека можеби Кичеец ќе каже дека она што го направил за Камчев било „бидејќи му бил како брат“, но праша како тој не заборавил да ја земе торбата полна со пари.

„И ако е за брат, многу е“, нагласи Русковска.

Според неа, жртви тука не се оние од кои се барани или од кои се земани пари, туку „жртви на оваа постапка сме сите ние, граѓаните на оваа држава“.

Пред воведниот говор на денешното рочиште за „Рекет“ обвинителката Русковска појасни дека Орце Камчев не може да биде оштетен за оваа постапка, бидејќи за кривичното дело противзаконито постапување нема оштетен, туку има само сведок.

К.Д.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе