Русковска бара притвор за кумот на Груевски и замрзнување на имотот

Обвинителката Вилма Русковска денеска пред Основниот кривичен суд во изјава за мердиумите рече дека предистрагата за случајот во кој осомничен е Ристо Новачевски започнала во времето на СЈО, а потоа предметот го презело ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. За Новачевски, обвинителката Русковска побарала притвор и замрзнување на имотот.

Како што веќе објавивме, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција покрена истражна постапка против шест лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот кум Ристо Новачевски за кои постои основано смнение дека сториле кривично дело „перење пари" со кои купиле плацеви на Водно.

 Како што информираат од Обвинителството, по повеќемесечна предистражна постапка, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против шест лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 од Кривичниот законик" .

Покрај Груевски и Новачевски, за истото дело Обвинителството ги сомничи и Сашо Мијалков, Јордан Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе