Русковска „апсолутно“ незадоволна со пресудата за Боки 13, очекувала 10 години затвор

Апсолутно не сум задоволна со пресудата за Бојан Јовановски, за кого реално не очекував под десет години казна затвор. Што се однесува до веќе осудената Катица Јанева очекував меѓу седум и осум години затвор, изјави денеска јавната обвинителка Вилма Русковска по објавувањето на пресудите за случајот „Рекет“.

Русковска најави жалба и за двете пресуди, но откако ќе ја добие на писмено пресудата.

На прашањето дали е задоволна од тоа како заврши предметот, со оглед дека не се најде одговор каде завршиле парите, Русковска, рече дека за осудителната пресуда веќе рекла дека не е задоволна со висината, особено за Бојан Јовановски.

„Јас сметам дека најголемиот дел завршиле кај Бојан Јовановски и Катица Јанева. Тоа е моето лично убедување, со оглед на тоа што сѐ си купувал без никаков приход, а и самите знаете колку чини финансирањето на медиумска куќа“, изјави Русковска.

Во однос на истрагата за „Империја“, Русковска рече дека на истрагата интензивно се работело, но сега поради корона вирусот сѐ уште не работат со странки.

„Стварно не знам уште колку ќе треба до завршување на истрагата. Предметот „Империја“ ако не го сметаме овој период со корона вирусот е релативно кратко време преземен од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Зошто толку време требало додека сѐ уште беше во СЈО мене стварно не ми е познато“, изјави Русковска.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе