По објавувањето на белешката

Русковска вели дека белешката на АНБ не е доказ во судската постапка против Камчев, а одбраната тврди дека тоа е круцијалниот доказ за притворот

Објавата на таинствената белешка на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) воопшто не била во доказна постапка на обвинението против бизнисменот Јордан Камчев за тој да добие притвор од 60 дена, туку бил меѓу другите услови кои обвинителката Лиле Стефанова ги има наведено за определување на притвор, вели шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска во изјавата за Слободен печат.

„Тој документ не беше воопшто во доказна постапка. Тоа беше меѓу другите услови кои колешката ги има наведено за определување на притвор. Не беше едиствено таа белешка, според тоа, како што ми е пренесено од колешката, јас сега не го знам предметот, но и други основи има. Така што, тоа не е доказ во постапката. Тој документ нема потреба да се користи понатаму. Тоа не е доказ за кривичното дело“, изјави за Слободен печат Русковска.

Тони Менкиновски, адвокатот на Камчев го вели токму спротивното. „Круцијалниот доказ (белешката на АНБ-н.з.) со кој судот располага и врз основ на кој Јордан Камчев е противзаконски лишен од слобода и му е повторно продолжена мерката притвор е целосно незаконит доказ, односно, не смее да биде доказ во кривична постапка. Во овј случај имаме и незаконита употреба на „сомнителни докази“, надвор од сите процедури и стандарди на дејствување од страна на Агенцијата за национална безбедност. И покрај сите инсистирања од страна на одбраната судот одбива тој доказ да го обелодени, достави и презентира на одбраната. Имено, информацијата (заведена под СД бр. 02-545/1 од 14 ти Март 2021 година) на АНБ врз која се заснова решението на судот за лишување од слобода, не само што не е доставена до одбраната и судот одбива да го стори тоа, информацијата на АНБ е спротивна на член членот 43 од Законот за Агенцијата за национална безбедност и согласно на овој член, не може да се употреби како доказ во кривична постапка, но може да се користи за иницирање и насочување на кривична постапка“, вели Менкиновски.

Белешката на АНБ пред два дена од „свиркач“ беше објавена на социјалните мрежи. Од овој документ може да се види дека се работи само за белешка на доушник на тајната служба, без докази, аудио снимки, фотографии... Одбраната на Камчев веќе поднесе кривични пријави против директорот на АНБ Виктор Димовски, против јавниот обвинител кој без докази и врз основа на усна белешка предложил мерка притвор, против судија на претходна постапка кој изрекол мерка притвор и судиите од кривичниот совет кој ја продолжиле мерката притвор.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе