Рускоска не го очекува скоро Груевски во Македонија

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска не го очекува во скоро време избеганиот поранешен премиер, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски во Македонија како осомничен организатор на настаните од 27 април.

На денешната презентација на проект во Деканатот на Медицинскиот факултет Рускоска на новинарско прашање одговори дека истрагата за овој предмет е во тек, дека сослушала голем број сведоци за овој настан и дека очекува обвинение за организаторите за крвавиот четврток да биде поднесено до судот до крајот на мај.

„Сослушани се добар дел од сведоците за кои мислев дека треба да се сослушаат, почнат е и распит на осомничените лица во Обвинителството кој ќе продолжи во текот на оваа недела, а веќе во наредниот период странките ќе бидат повикани во Обвинителството да извршат увид во доказниот материјал. Доколку има потреба ќе бидат повикани и други сведоци. Истрагата е во тек и до крајот на месец мај очекувам дека ќе биде поднесено и обвинение против организаторите за 27 април“, одговори Рускоска.

На новинарско прашање дали го очекува и Груевски, меѓу останатите осомничени на распит во обвинителството и дали смета дека тој ќе биде донесен во Македонија и ќе ѝ се укаже можност да го распрашува како осомничен организатор на настаните од 27 април, Рускоска кусо одговори дека не очекува во скоро време Груевски да биде донесен во Македонија.

Во врска со поднесените апликации на осомничени лица од постапката за 27 април за мерката притвор која трае веќе четврт месец обвинителката Рускоска нагласи дека секој има право да поднесе апликација до судот во Стразбур, но дека нејзиниот став е оти за вакво сериозно кривично дело мерка притвор во траење од четири месеци не е долг период, а дека за основаноста на ваквата мерка одговор треба да се побара во судот кој го прифатил предлогот на обвинителството.

К.Д.

 

 

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе