Изјава на шефицата на ОЈО ГОКК

Русковска: Имаме најголеми плати, а нема интерес да се работи во моето обвинителство

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОJO ГОКК) треба да има 20 обвинители, а имаме шест обвинители помалку, изјави главната обвинителка на тоа обвинителство Вилма Русковска. На прашањето дали тоа влијае на ефикасноста во работењето на предметите, таа рече дека нема големо влијание зашто нејзините колеги предметите ги работат и попладне. „Иако имаме најдобри плати, за работа во нашето обвинителство се пријавија само четири обвинители“, рече Русковска.

„Изненадена сум. Вложив многу напори во обвинителството, имаме и најдобри плати, а сепак, за работа кај нас се пријавија само четворица обвинители, од кои двајца на кои им е истечен мандатот“, одговори Русковска на новинарското прашање за капацитетите на ОЈО ГОКК откако по сила на законот 13 обвинители во земјава мора да заминат во пензија.

На прашањето до каде е истрагата за поранешниот генерален секретар Мухамед Зекири и дали ќе биде побарано продолжување на притворот, Русковска одговори:

„Да, ќе бараме продолжување на притворот. А до каде е предметот за Зекири, во моментов не можам да дадам прецизен одговор, тоа најдобро го знае надлежниот обвинител“.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе