По правосилната пресуда за „Труст“

Рокот истекува, судот постапува, МВР нема наредба, а Кочан го нема во затвор

Иако му течат последните рокови за доброволно пријавување за издржување на затворската казна, бизнисменот Сеад Кочан се уште не го испочитувал решението за издржување на затворската казна од 4 години и 8 месеци. Од Основниот кривичен суд во Скопје за тоа дали е или ќе биде издадена наредба за носење во затвор со полициска придружба за правосилно осудениот во „Труст", кусо ни одговорија дека судијата за извршување на санкции постапувал во врска со овој предмет.

Но, детали околу тоа дали постапувањето на судијата за извршување на санкции значи дека ќе биде испратена наредба за стражарно приведување до МВР од судот не добивме. 

Официјален одговор побаравме и од МВР од каде ни одговорија дека во врска со Сеад Кочан немаат добиено никаков документ од судот.

Ако судијата на извршување на санкции донесе одлука дека има законска основа за Кочан да биде однесен во затворот во Идризово со полициска придружба, треба да испрати плик преку судскиот курир до Секторот за внатрешни работи во Скопје, од каде пак, веднаш треба да постапат по наредбата.

Официјална потврда дека осудениот Кочан не ја испочитувал наредбата од судот за веднаш да се јави на издржување на затворската казна добивме и од затворот во Идризово.

Кочан, според неофицијални извори се наоѓа на лекување во болница. Од судот вчера за МКД.мк беше одговорено дека го добил решението и дека треба веднаш да оди во затвор.

Иако рокот изминува се уште обвинетиот бизнисмен е на слобода. Тој претходно неколку пати бараше одложување на издржувањето на затворската казна поради здравствени причини, но судот му ги одби барањата и го задолжи веднаш да се јави во затвор.

К.Д.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе