На обвинителна клупа требаше да седната поранешниот директор на болницата и лекар гинеколог Мухамед Асани, и уште двајца негови колеги, но тие не се појавија во судница поради презафатеност на еден од нивните адвокти.
Обвинителството на почоетокот на мај поднесе обвинение за тешки дела против здравјето на луѓето, затоа што пред две години при породување со царски рез, Јилдиз Веаповска остана без матка, јајник и бубрег. За ова кривично дела се предвидува максимална затворска казна од 5 години.
Во судницата дојде оштетената Јилдиз Веаповска која рече дека сѐ уште ги чувствува тешките последици од порадувањето по кое остана без три органи, и се надева дека правдата ќе биде на нејзина страна.
Лекарската комора лани во март изврши стручен надзор во болницата во Струга по што констатираше дека нема лекарски грешки при третманот на Веаповска. Неправилности не најде ниту Комисијата што ја формираше Министерството за здравство во мај минатата година.
Сепак со вештачењето на Институтот за судска медицина откриени се низа пропусти на тројцата лекари гинеколози од Болницата во Струга, со што ја влошиле здравствената сосотјба на родилката од Дебар. Судијата Усеини не соопшти кога ќе го закаже следното рочиште, рече дека дополнително писмено ќе ги извести странките.