Во Кривичен суд

Рочиштето за „Друмарина“ одложено за 10 мај, Бонева е во изолација

Поради домашна изолација на обвинетатa Силвана Бонева, денешното рочиште за случајот „Друмарина“ е одложено за 10 мај. Судијата Марин Станевски, пред одложувањето на рочиштето соопшти дека одбраната на обвинетата доставила потврда за изолација поради ковид-19 и здравствен надзор.

На денешното рочиште требаше да се сослушува сведок. Инаку, предмет на овој судски случај се фискалните сметки од патарините за кои поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева се сомничи за измама на околу 100.000 евра пари на Собранието.

Застапник на обвинението во овој случај е јавниот обвинител Артан Ајро.

 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе